свет

ЕУ во 2018 година увезла антибиотици во вредност од 2,8 милијарди евра

Евростат ги објави податоците за увозот и производството на антибиотици на 28 земји членки на ЕУ во 2018 година

Ata Ufuk Şeker  | 18.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
ЕУ во 2018 година увезла антибиотици во вредност од 2,8 милијарди евра

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) во 2018 година изврши увоз на антибиотици во вредност од 2 милијарди и 877 милиони евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Евростат ги објави податоците за увозот и производството на антибиотици на 28 земји членки на ЕУ во 2018 година.

Според тоа, Швајцарија се наоѓа на чело на земјите од каде што земјите членки на ЕУ увезувале антибиотици. Шведска во овој период на ЕУ ѝ продала антибиотици во вредност од вкупно 1 милијарда и 120 милиони евра.

По Швајцарија следува Кина со продажба на антибиотици во вредност од 660 милиони евра, САД со продажба од 600 милиони евра, Јапонија со продажба од 120 милиони евра, Сингапур со продажба од 90 милиони евра, како и Индија и Јужна Кореја со продажба од 80 милиони евра.

Со тоа земјите членки на ЕУ во 2018 година увезле антибиотици во вредност од вкупно 2 милијарди и 877 милиони евра.

Од друга страна, Германија е меѓу земјите членки на ЕУ кои извршиле најголем увоз на антибиотици, односно Германија извршила увоз на антибиотици во вредност од 710 милиони евра, по која следува Холандија со купување на антибиотици во вредност од 594 милиони евра, Италија во вредност од 534 милиони евра, Белгија купила антибиотици во вредност од 316 милиони евра, Велика Британија во вредност од 194 милиони евра, Шпанија пак купила антибиотици во вредност од 188 милиони евра, и Франција од 135 милиони евра.

Во овој период, земјите членки на ЕУ извршиле производство на антибиотици во вредност од вкупно 2 милијарди и 970 милиони евра, во чии рамки Италија се наоѓа на чело на земјите кои извршиле најголемо производство на антибиотици, односно Италија произвела антибиотици во вредност од 1 милијарда и 20 милиони евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın