Ayhan Şimşek
27 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на отворање нова страница во турско-германските односи во пресрет на ерата на новите глобални предизвици, јавува Anadolu Agency (AA).
„Драматичните случувња во светот прават да биде неопходно, како за Германија, така и за Турција, да се отвори нова страница во билатералните односи и двете земји да ги остават по страна нивните разлики и да се фокусираат на заедничките интереси", напиша Ердоган во текстот објавен во среда во германскиот весник „Франкфутрер Алгемајне Цајтунг" (Frankfurter Allgemeine Zeitung) во пресрет на неговата посета во таа земја.
Наведе дека двете земји се соочуваат со слични предизвици како што е тероризмот, илегалните миграции и трговски војни.
„Обврзани сме на разумен начин да ги подобриме нашите односи засновани на заеднички интереси”, напиша турскиот претседател.
Истакна и дека двете земји би требало да се фокусираат на заеднички интереси и заеднички предизвици.
„Се концентрираме на нашите заеднички интереси, заеднички предизвици и закани со кои се соочуваме. И покрај нашите несогласувања, би требало сите патишта на дијалогот да ги држиме отворени, да ја продолжиме соработката, да покажеме максимална емпатија и да се обидеме да ги разбереме нашите взаемни сензибилности”, напиша Ердоган.
Турскиот претседател утре ќе допадува во државна посета на Германија со цел подобрување на политичките и економските врски помеѓу двете земји. Во текот на тридневната посета, Ердоган ќе се состане со германскиот колега Франк Валтер Штеинмаер и ќе разговара со канцеларката Ангела Меркел.