Mehmet Çalık
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
АЈДИН (АА) - Турските екипи на Крајбрежната стража спасија 130 мигранти во 3 чамци, коишто беа туркани назад во турските копнени води од грчките екипи на Крајбрежната стража во Кушадаси, Ајдин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Три гумени чамци со мигранти, кои се обидоа да преминат во Грција, во различни временски периоди од Кушадаси беа истуркани назад од страна на грчката Крајбрежна стража.
По барање на лицата во гумените чамци, турската Крајбрежна стража се упати во регионот.
Тимовите спасија 130 луѓе, вклучително деца и жени. Меѓу бегалците се наоѓаа 89 државјани на Сирија и 41 авганистански државјанин.