Zeynep Hilal Karyağdı
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
КАИРО (АА) - Египетското Министерство за здравство потврди дека бројот на загинатите во вчерашната железничка несреќа во египетскиот град Александрија, изнесува 41 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
„41 лице го загуби својот живот во железничката несреќа во Александрија, додека 132 лица се повредени од кои 12 тешко повредени моментално се на лекување во болница“, се наведува во писменото соопштение на министерството.
Според соопштението, 47 повредени биле отпуштени од болница.
Во вчерашната вест на египетската државна телевизија беше наведено дека во железничката несреќа во Александрија, животот го загубиле 49 лица, додека официјалната новинска агенција, МЕНА, соопшти дека 133 лица се повредени.
Сѐ уште не е дадена изјава во врска со причините за несреќата, додека локалните медиуми и очевидците велат дека до несреќата дошло поради дефект на предниот воз.