Mohamed Sabry Emam Muhammed
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
КАИРО (АА) - Египетската полиција уби десетици осомничени милитанти за време на безбедносната рација спроведена ден по убиството на тројца туристи и локален водич од експлозија на бомба во Каиро, објави новинската агенција МЕНА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тројца виетнамски туристи и водич од Египет убиени се во петокот вечер од експлозија на бомба поставена покрај патот, наменета за туристички автобус во близина на светски познатите пирамиди во Гиза, западно од Каиро.
Досега, ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот.
„По смртта на странските туристи и египетскиот водич, безбедносните сили денеска убија најмалку 40 милитанти во рациите што ги спроведоа во Гиза и северен Синај“, објави МЕНА.
Египетсктие власти сѐ уше не дадоа официјално соопштение за изведените рации.