Berk Kutay Gökmen
15 Јануари 2026•Ажурирај: 16 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Две лица загинаа, а пет други се повредени денес откако делови од градежен кран паднаа врз возила на патот во централната тајландска покраина Самут Сахон, соопштија властите, јавува Анадолу.
Несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време на патот Рама II, главна рута што го поврзува Бангкок со јужен Тајланд, според „Банкок пост“.
Вчера исто така се урна градежен кран врз патнички воз во североисточната тајландска покраина Након Ратчасима, при што загинаа најмалку 32 лица, а 64 беа повредени, објавија локалните медиуми.
Поручникот Пироте Пинтип, сообраќаен инспектор во полициската станица Муанг Самут Сахон, изјави дека двете жртви биле прогласени за мртви на местото на настанот, додека пет други се здобиле со повреди и се однесени во болница.
Полициски и спасувачки екипи беа испратени на местото на настанот за да ја проценат штетата.
Властите ја обезбедија областа и затворија неколку ленти во двата правци како превентивна мерка.