Hakan Ceyhan Aydoğan
03 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
МОСКВА (АА) – Најмалку 10 лица го загубија животот во експлозиите во метрото на рускиот град Санкт Петерсбург, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозиите се случија во две станици од метрото во Санкт Петерсбург – „Плоштад Сенаја“ и „Технолошки институт“.
Според вестите од руските медиуми, експлозијата во метро-станицата „Плоштадот Сенаја“ е предизвикана од касетна бомба поставена во вагон од метрото.
По настанатите експлозии во кои загинаа најмалку 10 лица, затворени се 7 станици, додека на местото на настанот пристигнаа голем број полицајци, како и спасувачки тимови.
- Путин во Санкт Петербург
Претседателот на Русија, Владимир Путин, кој за време на експлозиите одржувал средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во Санкт Петерсбург, бил информиран за настанот од страна на претседателот на Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Путин истакна дека постои можност дека експлозиите се терористички напад, и изрази сочуство до блиските на загинатите.
- Руско обвинителство: Експлозијата во метрото во Санкт Петерсбург е терористички напад
Гласноговорникот на руското државно обвинителство Александар Куреној соопшти дека експлозијата во метрото во Санкт Петербург е „терористички напад" и дека е покрената опсежна истрага за тој случај