свет

Гутереш: Не сметам дека Русија ќе ја окупира Украина

„Окупација на една земја од страна на друга земја е против меѓународното право. Се надевам дека тоа (окупацијата) нема да се случи во оваа состојба. Сигурен сум дека нема да се случи тоа и се надевам дека ќе бидам во право“, рече Гутереш.

Betül Yürük  | 22.01.2022 - Обновена : 24.01.2022
Гутереш: Не сметам дека Русија ќе ја окупира Украина

New York

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во врска со загриженостите дека Русија ќе ја окупира Украина, истакна дека е сигурен дека тоа нема да се случи и изрази надеж дека ќе биде во право, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гутереш говореше за актуелните теми на прес-конференцијата одржана по состанокот на Генералното собрание на ОН, на кој беа откриени приоритетите за 2022 година.

Генералниот секретар на ОН се осврна на зголемените тензии меѓу Русија и Украина.

„Не треба да има воена интервенција, туку проблемот треба да се спречи преку дипломатски пат. Окупација на една земја од страна на друга земја е против меѓународното право. Се надевам дека тоа (окупацијата) нема да се случи во оваа состојба. Сигурен сум дека нема да се случи тоа и се надевам дека ќе бидам во право“, рече Гутереш.

Што се однесува до прашањето на новинарот на АА во врска со Авганистан, Гутереш истакна дека луѓето во оваа земја се соочуваат со прекршувања на човековите права, и дека талибанците не го одржуваат ветувањето за заштита на правата на жените и девојчињата.

Според него, заштитата на правата на девојчињата и жените е потребно за талибанците да бидат признаени и да ја добиваат поддршката на меѓународната заедница.

Гутереш рече дека Авганистан исто така се соочува со економски колапс и хуманитарна катастрофа.

Тој го повтори својот повик за вбризгување готови пари во економијата на Авганистан и за ослободување на замрзнатите имоти со цел да не дојде до распад на оваа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın