Beyza Binnur Dönmez
17 Ноември 2022•Ажурирај: 18 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го поздрави постигнатиот договор на страните за продолжување на извозот на жито преку Црноморскиот коридор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Го поздравувам договорот на сите страни за продолжување на Црноморската иницијатива за жито за да се олесни безбедното транспортирање на жито, храна и извоз на ѓубрива од Украина“, напиша Гутереш на Твитер.
Тој додаде дека „иницијативата ја покажува важноста на дискретната дипломатија во изнаоѓањето мултилатерални решенија“.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина постигнаа договор во Истанбул за извоз на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кои беа блокирани од Руско-украинската војна што започна во февруари.
Страните преговараа за можно продолжување и проширување на договорот по истекот на рокот 19 ноември.
Како дел од договорот од 1 август се извезени околу 10 милиони тони жито, покажуваат податоците на ОН.