Betül Yürük
08 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, порача дека родовата еднаквост е прашање за почитувањето на човековите права, и дека родовата нееднаквост во однос на дискриминацијата на жените им штети на сите во општеството, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена по повод Меѓународнот ден на жената, првиот човек на ОН, Гутереш, укажа на распространетоста на дискриминацијата, сексуалното злоупотребување и другите форми на напади врз жените во општеството и културите во кои мажот е суверен, и наведе дека тоа се случува на сите полиња, од работните места и филмските сетови до социјалните мрежи, и во сите делови на светот.
Гутереш истакна дека нецелосната родова рамноправност во општеството и нецелосната вклученост на жените и девојките е најголемата борба за човековите права во светот.
„Во светот, повеќе од една милијарда жени се лишени од правна заштита од насилство во семејството. Разликата во приходите на мажите и жените е 23 проценти, а во руралните средини се качува и до 40 проценти. Се забележува дека голем број жени немаат никакви приходи“, изјави Гутереш, додавајќи дека посебен проблем е и многу слабата застапеност на жените во законодавните институции.
Нагласувајќи дека инвестирањето во жените е најефикасното средство за економски развој на општеството, компаниите и државите, Гутереш порача дека вклучувањето на жените би придонело за олеснување на склучувањето мировните договори и за зајакнување на економијата во светот.
„Време е мажите да почнат да ги поддржуваат, да ги слушаат жените и да учат од нив“, заклучи Гутереш.