Emre Gürkan Abay
11 Мај 2023•Ажурирај: 14 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Рускиот суд го казни Гугл со три милиони рубљи (околу 40.000 долари) затоа што не ги избришал видеата на Јутуб за кои се тврди дека содржат ЛГБТ-пропаганда, пренесува Анадолу.
Руската Федерална агенција за надзор на информатичките технологии и медиумите (Роскомнадзор) поднесе тужба против Гугл, а судењето се одржа пред судот во Москва.
Судот пресуди дека законите не биле почитувани, тврдејќи дека некои видеа на Јутуб, за кои се вели дека содржат ЛГБТ-пропаганда, не биле избришани и го казни Гугл со три милиони рубљи.
Гугл претходно во 2021 година беше казнет со 7,2 милиони рубљи, поради слични причини.