Ahmet Gençtürk
09 Октомври 2023•Ажурирај: 10 Октомври 2023
АТИНА (АА) - Грчката владејачка конзервативна партија Нова демократија (НД) победи во седум од 13 региони на локалните избори, објави Министерството за внатрешни работи на земјата, пренесува Анадолу.
Со преброени околу 86 отсто од гласовите, кандидатите што беа поддржани од НД победија во регионите на Атика, Западна Грција, Епир, Централна Македонија, Јужен Егеј и Централна Грција.
На Крит, на изборите победи и актуелниот гувернер што беше заеднички поддржан од НД и социјалдемократската опозициска партија ПАСОК.
Поранешниот заменик-министер за одбрана, Никос Хардалиас, беше избран за регионален гувернер на Атика, најнаселениот регион во земјата што ги опфаќа главниот град Атина и соседниот пристаништен град Пиреја.
Градоначалниците на Атина и на Солун, втор по големина град во земјата, ќе бидат одредени во вториот круг на 15 октомври бидејќи ниту еден кандидат не го обезбеди прагот од 43 отсто за да извојува целосна победа.
Излезноста беше значително ниска, само 51,5 отсто.