Ahmet Gençtürk
25 Ноември 2022•Ажурирај: 27 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Грција е подготвена да спроведе истрага за една од поголемите европски организации за човекови права која работи во земјата, објавија локалните медиуми, пренеусва Агенција Анадолија (АА).
„Обвинителската истрага има намера да утврди дали организацијата „Хјуман рајтс 360“ (HR 360) извршила прекршоци како што се основање криминална организација или перење пари“, пишува весникот „Катимерини“.
Весникот наведува дека одлуката е донесена поради наводите за финансиско лошо управување од страна на „Хјуман рајтс 360“, пријавени до тамошното набљудувачко тело за перење пари, кое веќе ги замрзна сметките на лица вклучени во невладината организација со седиште во Атина.
„Организацијата добива големи средства од Фондот на Европската економска област (ЕЕА) и Норвешка“, се нагласува.
Основана во 2017 година, „Хјуман рајтс 360“ се фокусира на правата на бегалците и другите, особено на кршењето на човековите права на границата на Грција со Туркије.