Derya Gülnaz Özcan
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, истакна дека Русија прави потешкотии при испораката на хуманитарна помош во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите пред започнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ), што се одржува во Луксембург, Дендијас рече дека на дневен ред се Украина, Западен Балкан и Либија.
Дендијас, наведувајќи дека ќе ги информира своите колеги за неговата посета на Одеса на 3 април, рече: „Ќе дадам информации и за хуманитарната помош што Грција ја даде на Одеса и Мариупол и за проблемите што беа предизвикани од страна на Русија.“
Дендијас, кој беше шеф на мисијата за хуманитарна помош што Грција ја испрати во Украина на 3 април, го посети градот Одеса во Украина.