Mehmet Hatipoğlu
25 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
СОЛУН
Екстремно десничарска група во грчкиот град Солун која протестираше против отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за намаз, запалија турско знаме, јавува Агенција Анадолија (АА).
По повикот на солунскиот митрополит Антимос, во црквата „Света Софија“ која се наоѓа во Солун синоќа се одржа специјална литургија како реакција против отворањето на џамијата „Аја Софија" во Истанбул.
Демонстрантите припадници на екстремно десничарската организација наречена „Света дивизија“, се собраа во дворот на оваа црква во Солун, каде и запалија турско знаме.
Членовите на оваа група потоа маршираа кон турскиот конзулат во Солун извикувајќи пароли против Турција и носејќи транспаренти со напис „За татковината, за народот, и за православие“.
Демонстрантите беа запрени од страна на безбедносните сили кои презедоа безбедносни мерки во околината на конзулатот.
Исто така, демонстрантите продолжија со извикување пароли и интонирање на грчката химна, каде запалија уште едно турско знаме.
Од друга страна, во Атина како и во бројни места ширум Грција се одржаа демонстрации во знак на протест против отворањето на џамијата „Аја Софија" за намаз.