Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
25 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.156 лицa, во Мексико 737 лица, а во Индија 757 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.156 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 85.238 лицa.
Во земјата се откриени уште 55.891 случаj, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.343.366.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.592.281.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 737 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 42.645.
Во Мексико се откриени уште 7.573 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 378.285.
Досега во земјата излекувани се 242.692 лица.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 757 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 31.358.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 48.916 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.336.861.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 849.432 лица.