АНКАРА (АА) - Грција, во обид да надвладее над Либија и да потпише договор за поморската граница, дејствува во согласност со интересите на Европската Унија (ЕУ) во Источниот Медитеран, а не во корист на земјите од регионот, изјави Бахроз Џафар, шефот на Медитеранскиот институт за регионални истражувања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џафар за АА изјави дека интересите на Грција во Либија треба да бидат анализирани во рамките на евромедитеранското партнерство, трговско партнерство кое има за цел отстранување на бариерите за трговија и инвестиции меѓу ЕУ и земјите од Јужен Медитеран, чие формирање беше пред 26 години.
Партнерството преименувано во Унија за Медитеранот во 2008 година беше формирано и засновано на соработката помеѓу земјите членки на ЕУ и 16 неевропски земји лоцирани во Медитеранот за промовирање на економската интеграција и безбедноста.
Сепак, Џафар смета дека поради поддршката на ЕУ за Грција и политиката на администрацијата на кипарските Грци, тоа е ориентирано кон Унијата во корист на Европа, а не на Медитеранскиот Регион.
„Како што видовме преку последната посета на грчкиот премиер на Либија, тој се потпре на Либија да го откаже договорот со Турција за да има нормални односи со ЕУ“, рече тој.
Џафар потврдува дека ЕУ треба да одговори на прашањето до каде е подготвена да ги следи своите должности кон соседите на Источниот Медитеран, на Блискиот Исток и Северна Африка.
Понатаму тој нагласи дека алијансата меѓу Израел, Грција и Северен Кипар не ја поддржала Турција во обидот да ги транспортира јаглеводородите во Европа.
„За да формира алтернативен сојуз, Турција во ноември 2019 година потпиша Договор за поморските граници со Владата на национална спогодба (GNA) на Либија за формирање на ексклузивна економска зона“, истакна Џафар.
„Турско-либискиот сојуз дојде како одговор на проектот за гасоводот во Источен Медитеран потпишан меѓу Грција, Јужен Кипар и Израел во јануари 2020 година за увоз на медитерански гас во Европа, заобиколувајќи ја Турција“, додаде Џафар.
„Веднаш по договорот, грчката Влада го протера либискиот амбасадор Мохамед ал-Менфи, кој сега го предводи Либискиот претседателски совет“, рече тој.
- Триполи и Анкара имаат исти интереси во регионот -
Договорот меѓу Триполи и Анкара е знак на заедничките интереси и аспирации на земјите во Источен Медитеран и на отфрлање на грчката регионална политика.
„За Либија, договорот се базира на инвестициите во земјата, кои достигнаа 120 милијарди долари во градежниот и претприемничкиот сектор од Турција во 2020 година. Исто така, ѝ овозможува на Либија да ѝ обезбеди нови енергетски ресурси на Турција, која е голем потрошувач на енергија“, рече тој.
Џафар очекува продолжување на големите противења од Париз и Вашингтон, и двете страни главни влијатели на Медитеранот, за поддршка на Грција и администрацијата на кипарските Грци против Турција.
„Моето очекување за оваа нова реалност на Источниот Медитеран е дека јаглеводородите во регионот нема да донесат нова регионална соработка без Турција“, заклучи Џафар.
- Обидите на Атина да ја убеди Либија пропаѓаат -
Администрацијата на Атина, која ги прекина дипломатските односи со Либија, сега се обидува да ги врати односите со Владата во Триполи.
Ова се виде преку повторното отворање на грчката Амбасада во Либија од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при посетата на земјата на 6 април.
За време на посетата, тој инсистираше дека поморскиот договор меѓу Либија и Турција нема правна рамка и дека треба да биде откажан.
„Географијата е таа што ја одредува рамката на нашите билатерални односи, а не вештачките линии што некој ги црта на мапите“, рече Мицотакис.
Сепак, новоизбраниот либиски премиер, Абдул Хамид Дбеибех, ја истакна важноста од продолжувањето на меморандумот меѓу Анкара и Триполи за време на неговата посета на Турција на 10 април, истакнувајќи дека во врска со потпишаните договори меѓу двете земји, особено морските, ја потврдуваат валидноста на рамките на кои се изградени овие договори и дека тие ги постигнуваат интересите на двете земји истовремено.
Либија е во хаос и граѓанска војна по соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година.
Турција долго време ги поддржуваше напорите на Владата на националното единство за стабилизирање на земјата.
news_share_descriptionsubscription_contact
