Furkan Naci Top
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
АТИНА (АА) - Апелациониот суд во Атина го суспендираше процесот на доделување азил на Сулејман Озкајнакчи, учесник во обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува Озкајнакчи, кој по одлуката дојде во Канцеларијата за азил во Атина, повторно да биде приведен. Тој има право на жалба на донесената одлука.
Апелациониот суд го суспендираше процесот на доделување азил на Озкајнакчи, усвојувајќи ја жалбата од грчката влада.
Имено, грчката влада побара од судот да се суспендира процесот на доделување азил поради можноста за влошување на односите со Турција.
Озкајнакчи по обидот за државен удар, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, пребега од Турција во Грција.