Zeynep Katre Oran
30 Април 2024•Ажурирај: 01 Мај 2024
ЊУЈОРК / АНКАРА (АА) - Група студенти од Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД, кои ја поддржуваат Палестина, влезе во зградата на Хамилтон хол во универзитетскиот кампус откако во преговорите со училишната управа не е постигнат договор, известува Анадолу.
Универзитетската администрација воведе дисциплински казни и протерување на студентите што нема да го евакуираат просторот каде што е издигнат кампот, поставен во знак на солидарност со Газа.
Група студенти на полноќ по локално време влезе во историската зграда на Хамилтон хол во централниот дел на кампусот на универзитетот.
Според Њујорк тајмс, десетици студенти го блокирале главниот влез и извикувале слогани „Слободна Палестина“.