Ekipa
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
БАГДАД (АА) - Американскиот сенатор Линдзи Грахам истакна дека силите на милициите во Ирак ќе бидат еден од најголемите проблеми пред новата влада во земјата, и притоа зборуваше со пофалби за улогата на Турција во стабилноста на регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Грахам, на прес-конференција која се одржа во просториите на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад, истакна дека терористичката организација не може да се уништи со оружје и дека постои потреба од една моќна економија и еден многу добар образовен систем.
„Ако не постои присуството на САД во Ирак и Сирија, тешко е да се порази ДЕАШ во Ирак. Присуството на САД тука, исто така е услуга кон стабилноста на регионот“, рече Грахам, истакнувајќи дека во голема мера забележано е подобрување во безбедносната состојба во Ирак.
- „Турција може да биде сила за стабилизација во регионот“ -
„Со претседателот Реџеп Таип Ердоган разговарав околу неговата загриженост за присуството на нашите сили во Сирија. Турција може да биде сила за стабилизација во регионот“, нагласи тој, осврнувајќи се на присуството на САД во Сирија.
Грахам подвлече дека еден од најголемите проблеми со кои може да се соочи ирачката Влада е ставот кој ќе го покаже околу силите на милициите во Ирак, и прашањето како тие да бидат вклучени во Владата.
Според писменото соопштение на Кабинетот на ирачкиот премиер Хајдар ал Абади, делегацијата на американскиот Конгрес, во рамките на посетата на Багдад, разговараше околу намалувањето на бројот на советниците на САД во Ирак.