Elena Trenchevska Chekovic
29 Август 2025•Ажурирај: 03 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Графитите на камените блокови во Ландерс, што се наоѓаат во пустината Мохаве во американската сојузна држава Калифорнија, го привлекуваат вниманието на посетителите, јавува Анадолу.
Областа, каде што големите карпести формации среде пустината се покриени со шарени натписи и слики, стана популарна дестинација и за ентузијастите на фотографијата и за патниците.
Овие формации, некогаш популарни кај алпинистите, сега се покриени со исцртани графити со спреј во боја од кои некои датираат од 2012 година.
Локалните власти се обидуваат со разни акции за нивно бришење да го вратат стариот природен сјај на подрачјето.