Elena Teslova
14 Јануари 2025•Ажурирај: 15 Јануари 2025
МОСКВА (АА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев, јавува Анадолу.
За посетата првично објавија украинските и германските медиуми, иако ниту Киев ниту Берлин сѐ уште официјално не го потврдија тоа.
Според извори, министерот има намера да разговара за продолжување на германската воена помош за Украина во услови на тековната војна помеѓу Москва и Киев од февруари 2022 година.
Се очекува тој да се запознае и со моментната ситуација на теренот.