свет

Германија предложи демитилизирање на Сирт и Џуфра во Либија

Говорејќи на сесијата за Либија во СБОН, Хеико Мас рече дека поминале шест месеци од Берлинската конференција, но секоја измината недела ситуацијата во Либија се влошува

Betül Yürük  | 08.07.2020 - Обновена : 09.07.2020
Германија предложи демитилизирање на Сирт и Џуфра во Либија

ЊУЈОРК (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, ги повика страните во Либија да започнат со преговори без одложување и без услови, нагласувајќи дека првиот важен чекор за ова може да биде демилитаризацијата на Сирт и Џуфра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на сесијата за Либија во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), Мас рече дека поминале шест месеци од Берлинската конференција, но секоја измината недела ситуацијата во Либија се влошува, и дека ниту глобалната пандемија не може да ја запре војната.

Наведе дека целиот свет ги затвара границите поради пандемијата, но оружјето и странските платеници продолжуваат да влегуваат во Либија.

„Време е да ја запреме оваа смешна глупост во Либија“, нагласи Мас.

Мас потенцираше дека странската интервенција во Либија треба да престане и додаде: „Ова значи дека нема да се испраќаат повеќе авиони, тенкови и бродови полни со оружје и дека ќе нема повеќе лаги. Ние ќе ги користиме мерките што ги поседуваме, вклучително и санкциите, за да спречиме Либија да стане борбено поле на странските сили.“

Повикувајќи ги страните да започнат со безусловни преговори без натамошно одложување, Мас рече: „Првиот важен чекор за ова може да биде демилитаризацијата на Сирт и Џуфра. Ги повикуваме сите страни во Либија да се обединат зад оваа идеја.“




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.