Ayhan Şimşek
23 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
БЕРЛИН (АА) - Германија вчера повика на поблиска соработка меѓу Европската унија (ЕУ) и Туркије во справувањето со миграциите, пренесува Анадолу.
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, за локалните медиуми изјави дека договорот ЕУ-Туркије од 2016 година би требало да биде ажуриран за подобро решавање на моменталните проблеми.
„Тоа е она што ни треба, бидејќи во овој момент договорот меѓу ЕУ и Туркије не функционира доолно добро“, рече Фезер во ексклузивното интервју за германскиот весник „Welt am Sonntag“.
Фезер истакна дека би сакале унапредување на соработката со Туркије по ова прашање, но не го прецизираше предлогот на официјален Берлин.
Договорот ЕУ-Туркије за мигрантите, кој е потпишан во 2016 година, значително го намали приливот на мигранти во Европа преку Егејското Море и придонесе за спасување на голем број животи. Меѓутоа, различни проблеми околу имплементацијата на договорот, предизвикаа критики и од двете страни.
Официјална Анкара во повеќе наврати ги критикуваше европските партнери бидејќи не ги извршуваат политичките обврски и не обезбедуваат адекватни финансиски средства за распределба на товарот од бегалската криза.
Туркије во моментов е дом на речиси 4 милиони Сиријци, што ја прави земја со најголем број бегалци во светот.