Ömer Tuğrul Çam
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој се зарази со Ковид-19, нема да може да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што ќе се одржи викендов, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ажурирана е програмата на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што ќе се одржи во Берлин, Германија, од 14 до 15 мај.
Според тоа, заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, ќе учествува на настаните на кои претходно беше наведено дека ќе присуствува Столтенберг.
Вчера беше соопштено дека тестот за Ковид-19 на Столтенберг бил позитивен.
Се наведува дека генералниот секретар кој ги има примено вакцините против Ковид-19 и дополнителната вакцина, покажал благи симптоми. Столтенберг ќе продолжи да работи од својот дом.
Според правилата на Белгија, каде што се наоѓа седиштето на НАТО, луѓето заразени со Ковид-19 мора да останат во карантин најмалку една недела.