Berk Kutay Gökmen
08 Јануари 2025•Ажурирај: 08 Јануари 2025
ЏАКАРТА (АА) - Планината Семеру во Источна Јава во Индонезија повторно еруптираше денес, при што исфрли пепел на небото над регионот Лумајанг, јавува Анадолу.
Според локалните власти, повикувајќи се на Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални суровини, вулканскиот пепел достигнал висина од еден километар.
„Тоа беше снимено со сеизмограф со максимална амплитуда од 22 мм и траеше 165 секунди“, соопштија локалните власти.
Властите прогласија зона за евакуација од осум километри околу Семеру.
Планината Семеру, со 3.676 метри надморска височина, е еден од најактивните вулкани во Индонезија, кој често еруптира поради што има и смртни случаи.
Индонезија, која се наоѓа на Огнениот Прстен на Пацификот, има највисоко ниво на сеизмичка активност и вулкански ерупции на глобално ниво, со повеќе од 120 активни вулкани.