Enes Canlı
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Либиската Влада за национално единство (UMH) со меѓународен легимититет, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ги погодилe целите на Ал Каеда во јужниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мохамед ес-Салак, портпаролот на Претседателскиот совет на Владата за национално единство, изјави дека американските сили, во соработка со либиската Влада за национално единство, ги бомбардирале целите на Ал Каеда во градот Убари, јужниот дел на Либија.
„Ова е заедничка акција на Претседателскиот совет на Владата за национално единство на Либија и Владата на САД. Операцијата е проследена по минатонеделната средба на американскиот државен секретар Мајк Помпео и либискиот министер за надворешни работи, Мохамед Сајала, на состанокот на меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ“, рече портпаролот.
Други детали за нападот не беа соопштени.
САД и претходно организираа воздушни напади врз целите на ДЕАШ и Ал Каеда во Либија.
Според Либискиот политички договор, постигнат под покровителство на Обединетите нации во 2015 година, Претседателскиот совет на либиската Влада за национално единство, и покрај тоа што има меѓународен легитимитет, има потешкотии во воспоставувањето на својот авторитет низ целата земја.