Gökhan Kavak
12 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во африканската земја Џибути се преврте чамец на кој се наоѓале мигранти, при што загинаа 34 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Мухамед Абдикер, директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) задолжен за зоната на Источна Африка и Африканскиот Рог.
Абдикер информира дека чамецот бил во сопственост на шверцери на луѓе.
„Како резултат на превртувањето на чамецот, на бреговите на Џибути на трагичен начин загинаа 34 мигранти“, напиша тој.
Илјадници млади Африканци од Џибути се обидуваат со чамци да преминат во Јемен со цел да пристигнат во земјите од Заливот.