свет

Во југозападна Кина се отвори највисокиот мост во светот

Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг се издига 625 метри над реката Бејпан, речиси деветпати повисок од мостот Голден Гејт во Сан Франциско

Berk Kutay Gökmen  | 28.09.2025 - Обновена : 29.09.2025
Во југозападна Кина се отвори највисокиот мост во светот Фото: АА/Илустрација

ИСТАНБУЛ (АА) – Во југозападната кинеска покраина Гуиџоу денес е отворен највисокиот мост во светот по три години изградба, со што времето на патување низ длабок кањон се скрати од два часа на само две минути, пренесува Анадолу.

Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг се издига 625 метри над реката Бејпан, речиси деветпати повисок од мостот Голден Гејт во Сан Франциско, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Со главен распон од 1.420 метри, тој сега е најдолгиот висечки мост од челичен решеткаст носач на планински терен, според властите во Гуиџоу.

Зданието од 2.890 метри се протега низ Големиот Кањон Хуаџијанг, наречен „Земјина пукнатина“, и е најновото дополнување на инфраструктурната мрежа на Кина.

Претходниот највисок мост, кој исто така минува преку реката Бејпан, се наоѓа на нешто повеќе од 100 километри и е отворен во 2016 година со вертикална висина од 565,4 метри.

Гуиџоу, еден од помалку развиените региони во Кина, има изградено повеќе од 30.000 мостови, од кои три се меѓу највисоките во светот. Речиси половина од 100-те највисоки мостови во светот се наоѓаат во покраината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın