Sümeyye Dilara Dinçer,Şerife Çetin
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) во светот потврдени се 87.672.854 случаи на заразување, а оздравија 63.157.432 заразени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer" објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци во светот од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 1.892.074 лица.
Во светот момелтано 22.623.348 лица се активно заразени со Ковид-19, од кои 108.042 се тешко болни.
Од пандемјата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД), со 21.857.616 заразени лица и 369.990 починати.
Следува Индија со 10.395.938 заразени и 150.372 починати. Во Бразил се заразени 7.874.539 лица, а починаа 199.043 заразени.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија на Ковид-19.