Cüneyt Karadağ
24 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Управата на најпопуларната социјална мрежа „Facebook“ (Фејсбук) избриша околу 10.000 профили, кои имаат објавено лажни информации за претстојните избори во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Избришани се околу 10.000 профили кои имаат објавено дезинформации“, соопштија од „Facebook“.
Оваа социјална мрежа направи сличен чекор и пред изборите во Велика Британија и во Франција. Пред изборите во Франција беа избришани дури 30.000 профили.
Тогаш „Facebook“ соопшти дека на некои профили се објавуваат материјали за да се влијае на изборите во овие земји.
Изборите во Германија ќе се одржат на 24. септември.