Ahmet Sertan Usul
30 Август 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Припадникот на терористичката организација ФЕТО, Ариф Комиш, надлежен за Малезија, е уапсен во операција на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) и денес е доставен на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од безбедносни извори, борбата против терористичката организација ФЕТО продолжува, а уште еден од високорангираните членови на ФЕТО е уапсен надвор од земјата и донесен во Турција.
Уапсениот Комиш денес е донесен во Турција од Малезија, каде што е лишен од слобода.
Се работи за лице кое во повеќе земји се сметало за раководен кадар на таа терористичка организација.
По него беше распишана потерница поради членство во вооружена терористичка група.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција, во ноќта, на 15 јули 2016 година.
Припадниците на оваа терористичка организација, со години, преку местење испити, напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во Турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во којашто е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.