Özgün Tiran
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
КРКЛАРЕЛИ/ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во обид на илегален премин од Турција во Грција екипите на Крајбрежната стража фатија 127 бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
На подрачјето на Чанаккале во Турција фатени се 63 лица кои по илегален пат се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос. Меѓу нив се наоѓаат жени и деца, а воглавно станува збор за лица од Сирија, Ирак, Јужна Африка и Авганистан кои спас се обидуваат да пронајдат во некои европски земји
Екипите на Крајбрежната стража на Турција и на подрачјето Кркларели фатија 64 лица. Станува збор за лица од Пакистан, Авганистан и Сирија.
Приведени се две лица кои организирале илегални премини.