Во Казахстан се одржа Второто генерално собрание на Алијансата на туркиски новински агенции АТНА
Во рамките на состанокот Анадолу официјално го предаде претседателството на АТНА на медиумската компанија „Казконтент“ од Казахстан
АСТАНА ( АА) – Во казахстанската престолнина Астана денес се одржа Второто генерално собрание на Алијансата на туркиските новински агенции (АТНА), која ги обединува државните новински агенции на Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан, јавува Анадолу.
Состанокот го водеше претседателката на Управниот одбор на казахстанската државна медиумска компанија „Казконтент“, Ајна Задабек.
На состанокот присуствуваа заменик-генералниот директор и главен уредник на Анадолу, Јусуф Озхан, членот на Управниот одбор на државната новинска агенција на Азербејџан (АЗЕРТАК), Фуад Гадили, директорката на сектор во Националната новинска агенција на Киргистан (Кабар), Нурџан Камалијева, главниот уредник на Државната новинска агенција на Узбекистан (УзА), Жавлонбек Азизов, директорот за содржина на унгарската новинска агенција МТИ, Истван Золтан Тот и генералниот секретар на АТНА, Елшен Шахбалајев.
Од страна на Анадолу на состанокот учествуваа и координаторот за публикации и продукции Огуз Каракаш, како и менаџерот за стратегиска комуникација и надворешни односи Билгехан Озтурк.
Разговорите беа фокусирани на институционалниот развој на АТНА, размената на искуства и содржини меѓу земјите членки и зголемувањето на меѓународната препознатливост.
Во рамките на состанокот Анадолу официјално го предаде претседателството на АТНА на медиумската компанија „Казконтент“ од Казахстан.
Во своето обраќање Задабек истакна дека новата улога носи голема одговорност и дека Казахстан ќе продолжи активно да придонесува кон создавање заедничка новинска мрежа за туркискиот свет.

Таа нагласи дека АТНА досега се фокусирала на институционализација, а сега ќе премине кон спроведување на конкретни проекти.
Во своето обраќање Задабек истакна дека новата улога носи голема одговорност и дека Казахстан ќе продолжи активно да придонесува во создавањето заедничка новинска мрежа за туркискиот свет.
Таа нагласи дека АТНА досега се фокусирала на институционализација, а сега ќе премине кон спроведување на конкретни проекти.
Озхан, кој ги пренесе поздравите од генералниот директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, изрази гордост што Анадолу имаше го првото претседателство со AТНА.
Тој додаде дека во текот на претседателството на Анадолу, институционалната структура на Алијансата била зајакната и дека соработката меѓу агенциите достигнала ново ниво.
%2F20251106_2_71540641_118926981.jpg)
По своето обраќање Озхан ѝ подари на Задабек книга со наградувани фотографии од меѓународниот натпревар за фотографии на Анадолу, „Istanbul Photo Awards“, кој се одржува повеќе од една деценија.
Членот на Управниот одбор на АЗЕРТАК, Гадили, истакна дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок, особено во систематизирањето на соработката меѓу новинските агенции.
Тој истакна дека идните активности треба да се насочат кон создавање обединета новинска мрежа за туркискиот свет.
Главниот уредник на УзА, Азизов, нагласи дека АТНА постигнала извонреден напредок за кратко време и дека агенциите членки имаат голем потенцијал.
Тој потсети дека новинарите од УзА учествувале во Програмата за обука за воено новинарство на Анадолу, реализирана во рамките на АТНА.
Генералниот секретар на АТНА, Шахбалајев, ѝ се заблагодари на Анадолу за успешното претседателство во фазата на институционализација, додавајќи дека АТНА стабилно напредува кон целта за создавање заеднички медиумски простор меѓу туркиските држави.
Во текот на состанокот, менаџерот за стратегиска комуникација и надворешни односи на Анадолу, Озтурк, ја претстави новата официјална веб-страница на АТНА.
Исто така, беше одлучено новинската агенција МТИ од Унгарија да ѝ се приклучи на АТНА како член-набљудувач, а мандатот на генералниот секретар да биде продолжен за уште една година.
Следното генерално собрание на АТНА ќе се одржи во Азербејџан.
