Mahmut Atanur
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ЏАКАРТА
Четири лица загинаа, додека пет лица се повредени поради рушење на воен хеликоптер во индонезиската покраина Централна Џава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Компас“, воениот хеликоптер од типот „Mi-17“ од руско производство, во кој се наоѓале 9 членови на екипажот, се сруши за време на лет за обука во подрачјето на Кендал.
Воените власти соопштија дека во несреќата чија причина сеуште не е откриен, загинаа 4 лица, додека пет лица се повредени.
Започната е истрага околу случајот.