Mahmut Atanur
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
АНКАРА
Во индонезиската провинција Јужно Малуку се почувствува земјотрес со интензитет од 7,1 степен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) информира дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на отворено море, 89 километри северозападно од подрачјето Даруба, на длабочина од 112 километри.
По земјотресот Институтот не даде аларм за можност од цунами, но го предупреди населението на можни последователни земјотреси.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинетата материјална штета.
На 28 септември 2018 година, заливот Палу на островот Сулавеси го потресе земјотрес со интензитет од 7,5 степени, по кој се формираше цунами кое ги погоди подрачјата на Донгана, Палу и Сиџи. Од земјотресот и цунамито во оваа несреќа животот го загубија 4.350 лица.