Ahmed Asmar
05 Јуни 2024•Ажурирај: 06 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку 36.586 Палестинци се zaginati во немилосрдниte израелски напади врз Појасот Газа кои започнаа од 7 октомври минатата година, објави денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.
Се додава дека во нападите се повредени најмалку 83.074 лица.
„Израелските сили во последните 24 часа во четири масакри врз семејства убија 36 и ранија 115 лица“, наведува Министерството.
Многу тела сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива против Појасот Газа и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.