Mohammad Sıo
29 Јули 2024•Ажурирај: 30 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија уби уште 39 Палестинци во нападите во Појасот Газа, со што вкупниот број загинати од 7 октомври минатата година достигна 39.363, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се додава дека околу 90.923 лица се повредени во нападите.
„Израелските сили убија 39 луѓе и повредија 93 во три 'масакри' врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа почнувајќи од 7 октомври минатата година.
По повеќе од девет месеци израелски напади, големи делови од Газа се во урнатини.
Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа.