Mustafa Deveci
23 Октомври 2019•Ажурирај: 24 Октомври 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Сино-бела алијанса, која победи на минатомесечните генерални избори во Израел, наводно подготвила предлог-закон со кој ќе го натера премиерот Бенјамин Нетанјаху, да ја напушти функцијата ако се поднесе тужба против него, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на израелскиот „Канал 13“, Сино-белата алијанса подготвува предлог-закон со кој ќе го присили Нетанјаху да ја напушти функцијата премиер во случај на тужба.
Предлог-законот од страна на Сино-белата алијанса, која победи на изборите на 12 септември, ќе биде доставен до Парламентарната комисија следната недела, а ако таму биде усвоен ќе се гласа во Собранието.
Блокот на Обединетата арапска листа, кој е составен од партии што ги претставуваат палестинските граѓани во Израел, исто така ќе го поддржи законот.
- Ако Либерман го поддржи, законот ќе биде изгласан во Парламентот
За да предлог-законот, кој ќе ги расипе сништата на Нетанјаху, помине во Комисијата, треба да го поддржи партијата „Израел, наш дом“, чиј лидер е поранешниот министер за одбрана, Авигдор Либерман.
Доколку партијата на Либерман го поддржи предлог-законот во Комисијата, ќе биде отворен патот да биде изгласан и во Парламентот.
Во однос на оваа вест сè уште нема никаква изјава од Сино-белата алијанса и од партијата Ликуд на Нетанјаху.
- Нетанјаху е обвинет за мито, корупција и злоупотреба на службената должност
Постојат 3 одделни предмети против премиерот Нетанјаху со обвинение за мито, корупција и злоупотреба на службената должност.
Главниот обвинител на Израел, Авичаи Манделблит, на почетокот на овој месец 4 дена ги сослушуваше? слушаше адвокатите на Нетанјаху за овие три предмети.
Локалните медиуми напишаа дека Манделблит својата одлука за овие 3 предмети ќе ја објави во декември.
Според сегашните израелски закони, премиерот може да продолжи со својата функција дури и ако против него е подигната тужба.