Mahmut Atanur
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ПЕКИНГ (AA) - Најмалку 12 лица загинаа, а 125 се повредени во земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер кој синоќа ја погоди кинеската покраина Сичуан, на југозападот на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот е регистриран недалеку од градот Јибин, а локалните власти наведуваат дека во потресот се срушени 73 куќи.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека на терен се наоѓаат пожарникари кои во акција за спасување и потрага по исчезнатите.
Земјотресот е почувствуван и во другите поголеми градови, а државните медиуми наведуваат дека болницата во округот Чангнинг своите пациенти морала да ги премести на друга локација поради оштетување на зградата.