Furkan Naci Top
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
АТИНА (АА) - На отворено море кај островот Лезбос потона брод што пренесувал бегалци. Во несреќата, животот го загубија 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Министерството за поморство на Грција, екипите на грчката крајбрежна стража од морето извлекле тела на 8 бегалци. Турската крајбрежна стража соопшти дека од морето извлекле тела на четворица бегалци.
Се истакнува дека меѓу загинатите бегалци имало жени и деца.
Бродот превезувал околу 25 лица, а досега се спасени две жени, од кои едната е бремена.
Продолжува потрагата за спасување на исчезнатите лица од потонатиот брод, во која се приклучија и екипите на Европската агенција за оперативна соработка и управување со надворешните граници на земјите-членки на Европската Унија (ФРОНТЕКС).