Ekipa
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АТИНА (АА) - Траектите за грчките острови не сообраќаат, јавниот превоз во Атина е отежнат, а е забележано и нарушување на работата во болниците и државните училишта поради штрајкот на синдикатите против предложените реформи на трудот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денешниот 24-часовен штрајк на Синдикатот на државните службеници и други работнички групи, исто така, го наруши нормалното одвивање на јавниот превоз во Атина, иако подземната железница во главниот град ќе функционира поголемиот дел од денот.
Синдикатите на поморските работници преку штрајкот влијаат на траектниот систем во земјата, и покрај судската одлука дека штрајкот е нелегален.
Синдикатите се спротивставуваат на делови од предложената легислатива што ќе им го отежне свикувањето штрајкови, ќе им овозможи на работниците да гласаат без присуство на состаноци и ќе дозволува измени во одредени колективни договори.
Синдикатите планираат и демонстрации попладне во централниот дел на Атина.