Ekipa
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Недалеку од брегот на Либија спасени се 155 мигранти од Африка, кои се обиделе илегално да ја напуштат оваа област, јавува Anadolu Agency (AA).
Поморските сили при Владата на национално единство на Либија соопштија дека мигрантите биле спасени околу десет милји од областа Сајад, во Триполи.
Меѓу мигрантите во гумениот чамец се наоѓале 18 жени и десет деца.
Мигрантите се предадени во прифатниот центар „Абу Селим“, кој работи при единицата за борба против илегалната миграција во Триполи.
Според податоците на Високиот комесар на ОН за бегалци, од почетокот на годината во Средоземното Море загина околу 1.800 мигранти.