свет

Во автобуска несреќа загина 21 лице во Шри Ланка

- Патнички автобус излета од патот и падна во амбис во Шри Ланка. Во несреќата животот го загубија 21 лице, а 14 се повредени

Dilara Karataş  | 11.05.2025 - Обновена : 11.05.2025
Во автобуска несреќа загина 21 лице во Шри Ланка

КОЛОМБО (АА) - Патнички автобус излета од патот и падна во амбис во Шри Ланка. Во несреќата животот го загубија 21 лице, а 14 се повредени, соопштија властите, известува Анадолу.

Патнички автобус излетал од патот и паднал во клисура во близина на областа Котмале, околу 140 километри источно од главниот град Коломбо.

Заменик-министерот за транспорт и автопатишта, Прасана Гунасена, во соопштение за медиумите истакна дека во несреќата животот го загубиле 21 лице, а 14 се повредени.

Полицијата информираше дека во автобусот во моментот на несреќата имало околу 50 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.