Hafal Dekmak
13 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа денес ги повика жителите да го игнорираат повикот на Израел целото население од северниот дел да се пресели во јужните области на Појасот Газа, јавува Анадолу.
„Окупаторите на различни начини се обидуваат да емитуваат и да пренесат некои лажни пропагандни вести, со цел да создадат конфузија кај жителите и да ја нарушат кохезијата на нашиот внатрешен фронт“, се вели во соопштението.
Се додава дека меѓу овие обиди е и барањето од страна на некои функционери на меѓународни институции тие да заминат на југ.
„Израелската армија ги информираше Обединетите нации дека целото население на Газа северно од Вади треба да се пресели во јужниот дел на Газа во следните 24 часа“, изјави синоќа портпаролот на ОН, Стефан Дујарик.
Соопштението е објавено за време на израелските извештаи дека израелската војска е подготвена да започне копнена офанзива во Појасот Газа и дека чека одобрение на политичко ниво.
Канцеларијата на Владата во Газа ги повика жителите „да не се занимаваат со овие обиди што доаѓаат во рамките на психолошката војна“, додавајќи дека „тимовите на овие институции сè уште се на место“.