свет

Висок грчки претставник ја пропагира неопходноста од шпионирање на турските пратеници во земјата

„Терминот „национална безбедност“ стана фластер за легитимизирање на практиките за следење и прислушкување“, изјави опозициската Комунистичка партија на Грција

Ahmet Gençtürk  | 12.08.2022 - Обновена : 15.08.2022
Висок грчки претставник ја пропагира неопходноста од шпионирање на турските пратеници во земјата

АНКАРА (АА) - Заменик-претседателот на Парламентот во Грција, Хараламбос Атанасиу, се залага за „неопходноста од шпионирање“ на турските пратеници муслимани во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Атанасиу, кој исто така е поранешен министер за правда и во моментот пратеник од владејачката конзервативна партија Неа демократиа (ND), мислеше на тројцата турски пратеници муслимани, кои потекнуваат од регионот на Западна Тракија, велејќи дека се потенцијални агенти на Туркије, според медиумот „Лефт.Гр“ (Left.Gr), кој го цитираше интервјуто кое тој го даде во средата на каналот „СтоНиси“ (StoNisi).

„Да претпоставиме дека член на Парламентот кој има верска ориентација целосно поинаква од православните христијани и дава информации на соседната земја -- Туркије -- околу тоа од каде можат да влезат нерегуларните мигранти“, рече тој, додавајќи дека националната разузнавачка служба мора да преземе мерки на претпазливост при такво сценарио, според медиумот.

Запрашан дали може да се следат пратениците, Атанасиу одговори: „Ако се следи процедурата предвидена од законодавецот, секако.“

Неговите изјави предизвикаа негодување, особено од левичарските опозициски партии на земјата.

Главната опозициска партија СИРИЗА-ПС во соопштение истакна дека Атанасиу во суштина тврди дека оние кои не се православни христијани се национална закана.

„Сепак, во реалноста, Хараламбос Атанасиу, недвосмислено го кажа она што [премиерот Киријакос] Мицотакис го најави во говорот, обидувајќи се да ги прикрие опасните дејствија на неговата влада со референции за националната безбедност и „мрачните сили““, се вели во соопштението.

Повикувајќи го премиерот да го разреши Атанасиу, партијата тврди дека Мицотакис ќе покаже дека тој се согласува со неговите коментари.

Партијата ПАСОК-КИНАЛ, исто така, во своето соопштение рече дека забелешките на Атанасиу ја туркаат Грција во нетолеранција и создаваат национален раздор со тврдења дека пратениците од малцинствата можат потенцијално да ги издадат националните интереси.

„Ние бараме итна интервенција против заменик-претседателот на Парламентот и силно ја осудуваме неприфатливата поделена изјава на Атанасиу“, се додава.

Грчката комунистичка партија (KKE) истакна дека Атанасиу докажал дека терминот „национална безбедност“ станал фластер кој секој може да го употреби за да ги легитимизира и олесни неприфатливите практики на следење и прислушкување.

Бурхан Баран, турскиот пратеник, муслиман, од ПАСОК-КИНАЛ, исто така ги осуди изјавите на Атанасиу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.