Ayşe Doğru
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ВАЛЕНСИЈА (АА) - Во затвор во сојузната држава Карабобо во Венецуела избувна пожар. Во пожарот животот го загубија 68 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јавниот обвинител Тарек Вилијам Сааб преку профилот на социјалната мрежа Твитер (Twitter) објави дека на 160 километри од главнот град Каракас, во затворот во градот Валенсија избувнал пожар во кој животот го загубиле 68 лица, од кои 2 се жени. Тој наведе дека е започната истрага во врска со случајот.
Обвинителот во објавата на Твитер вели дека загинатите се посетители во затворот, додавајќи дека за истражување на случајот задолжил четворица обвинители.
Пожарот е ставен под контрола. Се претпоставува дека пожарот настанал поради палење на душеците од затворениците кои сакале да избегаат од затворот.