свет

Велика Британија: Неколку илјади машиновозачи стапија во штрајк

- Околу 5.000 машиновозачи вчера започнаа 24-часовен штрајк во седум компании

Mehmet Alaca  | 31.07.2022 - Обновена : 01.08.2022
Велика Британија: Неколку илјади машиновозачи стапија во штрајк Фото: Рашид Неџати Аслим / АА

ЛОНДОН (АА) - Неколку илјади машиновозачи во Велика Британија стапија во штрајк со барање за подобри услови за работа, известува Агенција Анадолија (АА).

Околу 5.000 машиновозачи вчера започнаа 24-часовен штрајк во седум компании.

Штрајкот е организиран по четиридневниот штрајк на персоналот задолжен за чистење и одржување, на сигналистите и на другите работници, кои бараа подобри услови за работа.

Покрај тоа, штрајк е организиран на вториот ден од Игрите на Комонвелтот, што предизвика дополнителни последици за патниците.

Синдикатите поради инфлацијата од 9 % бараат значителни зголемувања на платите, а железничките компании настојуваат со намалување на трошоците и бројот на работници да ги намалат економските последици до кои дојде поради локдаунот воведен во текот на пандемијата на коронавирусот.

Мик Вилан, лидер на синдикатот АСЛЕФ (ASLEF), изјави дека три години не добиле зголемување на платите и дека бараат само она што е реално за работниците.

Во август би можеле да следуваат нови штрајкови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın