Fuat Kabakçı
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, рече дека приоритетно е нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров да се реши по мирен пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи се наведува дека министерот Ванг вчера оствари телефонски разговор со колегата од Русија, Сергеј Лавров, и со неговиот германски колега, Зигмар Габриел, а тема на дискусијата била Северна Кореја.
Ванг за време на разговорот порачал дека решавањето за проблемот по мирен пат е заеднички интерес и приоритет за сите страни.
Тој нагласи дека е неопходно администрацијата на САД и на Пјонгјанг да се воздржат од провокативни пораки, и оти не смее да се дозволи да зајакне напнатоста на вратите на Кина и Русија.
И рускиот министер Лавров порача дека решавањето на нуклеарното прашање на Северна Кореја со воен метод е неприфатливо и оти наместо тоа, неопходно е да се користат политички и дипломатски средства.
Германскиот министер Габриел за време на разговорот со Ванг порача дека за Северна Кореја да не излезе од контрола, потребно е да се извлече лекција од минатото на Европа.
Габриел ги пофали сите напори што Кина ги вложува во решавањето на нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров.