Islam Uddin
02 Јуни 2026•Ажурирано: 02 Јуни 2026
Бројот на загинати од уривањето на хотелска зграда во изградба во градот Анхелес, во филипинскиот регион Лузон, се искачи на 20, откако спасувачите извлекоа уште седум тела, објавија денес локалните медиуми, повикувајќи се на локалните власти, пренесува Анадолу.
Според информациите на локалниот медиум АБС-ЦБН, во периодот од вчера до утринава, спасувачите извлекле уште седум тела.
Поголемиот дел од жртвите биле градежни работници, бидејќи властите соопштија дека околу 70 луѓе работеле на локацијата, но повеќето од нив заминале дома за викендот.
Од Бирото за противпожарна заштита и локалната власт во Анхелес претходно соопштија дека бројот на жртвите сè уште не е конечен бидејќи акцијата за спасување е во тек.
Деветкатницата во изградба се урна на 24 мај во градот Анхелес, што предизвика масовна акција на повеќе служби, вклучувајќи пожарникари, инженери и претставници на Дирекцијата за управување со кризи.